Дома Фудбал Италија Проблем за Интер: Лаутаро ќе мора да паузира

Проблем за Интер: Лаутаро ќе мора да паузира

Еден од најважните фудбалери на Интер, Лаутаро Мартинез ќе мора да паузира откако се повредил на натпреварот од Купот на Италија против Болоња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лаутаро против Болоња освен што се повреди и промаши пенал во регуларниот дел, а Интер беше елиминиран по продолженија.

Утрово на Аргентинецот му биле направени тестови кои покажале дека Лаутаро се здобил со истегнување на мускулот на адукторот. Неговата состојба поточно ќе биде проценета во следните денови кога ќе биде потврдено колку ќе паузира.

Како и да е извесно е дека Лаутаро нема да игра утре против Лече, но и на гостувањето кај Џенова на 29-ти декември. Очекувањата се дека би требало да се врати во натпреварите на почетокот на новата година. Интер на 6-ти јануари го очекува натпревар против Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА почна постапка против Паредес – можна е повеќемесечна суспензија

ФИФА започна дисциплинска постапка поради масовната тепачка која избувна непосредно по зав…