Дома Фудбал Италија Проблем за Интер и Милан: Проектот за нов стадион не е возможен

Проблем за Интер и Милан: Проектот за нов стадион не е возможен

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала ги предупреди Интер и Милан за плановите за изградба на нов заеднички стадион во близина на сегашниот.

Славните милански клубови го претставија планот за новиот стадион и целиот комплекс. За проектот би биле потребни околу 700 милиони евра и би бил финансиран од клубовите и градот. Но, нивниот план нема да биде возможен и ќе мора нешто да се менува.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мораме сите заедно да се собереме и да најдеме одговор. Она што тие го замислија во овој момент е невозможно да се направи. Идејата за градот е интересна, но финансиски е невозможно да се изведе, морам да смислиме некој нов план“, изјави Сала.

Ќе потсетиме прво клубовите размислуваа за реновирање на сегашниот стадион, но се откажаа од таа идеја и се одлучија да изградат целосно нов стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(ВИдео) Погледнете како изгледаше окото на Модриќ по судир со противник

Хрватскиот капитен Лука Модриќ се најде во центарот на вниманието после дербито помеѓу Mил…