Дома Фудбал Проблем за Барселона: Се повреди Ансу Фати!

Проблем за Барселона: Се повреди Ансу Фати!

Tимот на Барселона се подготвува за почетокот на новата сезона, а утре Каталонците ќе имаат контролен тест против Химанистик Тарагон.

Пред овој натпревар Барселона информираше дека на дешениот тренинг се повредил Ансу Фати.

Фати се здобил со повреда на колкот. Во соопштението не е објавено колку време ќе му треба на Фати да закрепне и кога повторно ќе биде достапен на тренерот Куман.

Ако станува збор за посериозна повреда ова може да биде проблем затоа што очекувањата се Фати да има важна улога кај Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…