Барселона потпиша нов договор со Гави, но шпанската Ла Лига одби да го регистрира со објаснување дека немаат доволно место во буџетот за плати за новите примања на фудбалерот.
Клубот од „Камп Ноу“ реши да се тужи со Ла Лига и привремено го регистрира Гави, со што му исплати дел од средствата од новата плата, но сега екипата се соочува со нови проблеми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лигата одби да го ратификува новиот договор на 18-годишникот поради тешката финансиска состојба на клубот. Каталонците одамна ја достигнаа, па дури и ја надминаа границата за платите, поради што привремено ќе бидат одбивани да регистрираат нови договори.
Шпанскиот интернационалец ќе продолжи да игра со актуелниот договор како јуниор, според кој заработува многу малку пари. Покрај тоа, сега Гави треба да го остави дресот со број „6“ и повторно да игра со претходниот со број „30“.
Меѓутоа, најголем проблем за Барселона претставува фактот што на Гави на крајот на сезоната му истекува договорот, па може да си замине како слободен агент.
На клубот му беше одбиена регистрацијата на уште неколку договори, Маркос Алонсо, Роналд Араухо, Алехандро Балде и Ињаки Пења.