Дома Фудбал Проблем за Алегри, се повреди летното засилување на Јувентус

Проблем за Алегри, се повреди летното засилување на Јувентус

Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри од тренинг во тренинг ги брои повредите на своите играчи, кога едни ќе се опорават, други се повредуваат.

Последниот фудбалер кој се најде на оваа листа е Блез Матуиди. Французинот кој ова лето ги засили редовите на „старата дама“ се повреди утрово на тренингот на италијанскиот шампион и сигурно ќе го пропушти натпреварот против Удинезе.

Во овој момент не е познато од каков карактер е оваа повреда на еден од најдобрите фудбалери на „бјанконерите“ од почетокот на сезоната.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…