Дома Трансфер зона Проблем во Интер: Еден од најважните играчи одби да го продолжи договорот!

Проблем во Интер: Еден од најважните играчи одби да го продолжи договорот!

Европските гиганти сигурно внимателно ја следат ситуацијата во Милано.

Еден од најважните фудбалери на Интер, дефанзивецот Милан Скринар ја одби понудата за продолжување на договорот од клубот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скриниар има договор до 2022 година и во овој момент заработува 1.7 милиони евра годишно. Понуден му беше нов според кој неговата заработка би се покачила на 2.5 милиони евра, но тој истиот го одби и смета дека заслужува три милиони евра по сезона.

Интер секако не сака да го изгуби 23 годишниот дефанзиец и ќе се обиде да реши проблемот.

Скриниар во Интер пристигна 2017 годна од Сампдорија за сума од 20 милиони евра. Ова лето голем интерес за неговите услуги покажуваше Мурињо кој сакаше да го доведе во Манчестер Јунајтед, но се откажа поради големата сума која ја бараше италијанскиот клуб.

Меѓутоа доколку проблемите околу потпишување на договорот продолжат, Јунајтед со оглед на проблемите во одбраната кои ги има веројатно ќе се врати по неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…