Пред Арсенал ова лето има уште многу работа и тоа ќе биде голем предизвик со оглед дека после 22 години во клубот пристигнува нов тренер.
Венгер потврди дека го напушта Арсенал, го водеше Арсенал и последен пат на домашен терен, Французинот нема да се пензионира и ќе работи во друг клуб. Пред Арсенал сега е тежок предизвик да пронајдат нов тренер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покрај тоа англиските медиуми шпекулираат дека ќе има промени и во играчкиот кдар, но пред се сопствениците наводно се загрижени поради ситуацијата со Месут Озил. Како што се пишува, играчите на Арсенал не се задоволни поради „посебниот“ третман кој Озил го има во клубот.
Оваа сезона Озил пропушти многу натпревари и често пати се тврдеше дека е болен, поради тоа и според медиумите станал омразена личност помеѓу соиграчите. Тврдењата се дека Озил игра и добива одмор кога тој ќе посака.
Доколку оваа информација е вистина јасно дека новиот тренер пред себе ќе има голем предизвик.