Дома Македонски спорт Мак фудбал Проблем: Барди не игра против Словенија и Полска

Проблем: Барди не игра против Словенија и Полска

Македонија во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2020 година во октомврскиот термин ќе биде значително ослабена.

Идниот месец македонската сениорска репрезентација ја очекува натпревари против Словенија и Полска и за овие два натпревари селекторот Ангеловски нема да може да смета на Енис Барди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леванте денес потврди дека Барди поради повреда на задната ложа ќе паузира три недели. Поради тоа Барди ќе пропушти натпревари за Леванте во Ла Лига, но и важните натпревари на Македонија во квалификациите.

Според објавеното од шпанскиот клуб Барди ќе биде спремен за настап на 20-ти октомври кога Леванте ќе гостува на Севиља.

Македонија се уште е во игра за пласман на ЕП преку квалификациите. Против Словенија играме на 10-ти октомври во Скопје, додека три дена подоцна одиме на гостување против Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…