Шпанското обвинителство соопшти дека е почната истрага против претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес за сексуална злоупотреба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рубиалес доби жестоки критики, откако ја бакна во уста шпанската репрезентативка Џенифер Хермосо по победата во финалето на Светското првенство.
„Се договоривме да ја контактираме Хермосо за да се информираме за нејзините права како жртва“, соопшти Обвинителството.
Рубиалес беше суспендиран од Светската фубдалска федерација (ФИФА), но тој кажа дека не планира да си поднесе оставка.