Алесандре Пато некогаш важеше за најголем талент на бразилскиот фудбал.
Во Европа го донесе Милан каде ја доживеа фудбалска афирмација, запиша 150 настапи за „росонерите“ и постигна 63 гола, но повредите го спречија неговиот развој.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наместо да стане еден од најдобрите во светот, денес игра во Кина за Тијанжин, има 29 години и сонува да се врати во Европа.
Со својот потег на натпреварот од азиската Лига на шампиони направи чекор напред кон тој смер, но и ги разбесни челниците на кинескиот клуб.
Веднаш после замината во 62-та минута луто замина во соблекувалната, не го поздрави ни тренерот ни навивачите. Наводно направил и хаос во соблекувалната, па тренерот Пауло Соса побарал клубот да го казни.
Клубот реагираше, Пато е рекордно казнет. Ќе треба да плати казна од 50.000 долари и моменатлно е исфрлен од тимот.