Дома Фудбал Италија Проблеми за Милан: Се повреди и Салемакерс

Проблеми за Милан: Се повреди и Салемакерс

Оваа сезона Милан игра одлично и заслужено е лидер во Серија А, но тренерот Стефано Пиоли се соочува со проблеми.

Неколку важни играчи на Милан ги пропуштија претходните натпревари, а сега се повреди и крилниот фудбалер Алексис Салемакерс кој според информациите ќе паузира десет дена.

Тоа значи дека сигурно ќе го пропушти натпреварот против Беневенто, а под голем знак прашалник е и за дербито со Јувентус на 6. јануари. Ова е проблем затоа што и Сами Кастиљехо е отсустен.

Медиумите најавуваат дека Салемакерс би можел да биде заменет од Брахим Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул размислува за враќање на Џарел Кванса

Ливерпул го следи развојот на Џарел Кванса во Баер Леверкузен, но враќањето на овој дефанз…