Денес македонската фудбалска репрезентација беше поразена од Грузија со 0:3, а селекторот Благоја Милевски по мечот откри дека за наредниот натпревар би можеле да имаме проблеми со ростерот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради повреди денес биле заменети Елмас и Трајковски, па засега се неизвесни за мечот во недела. Сепак, повеќе ќе се знае после направените прегледи.
„Елиф почувствува болка во препонскиот дел и побара замена. Енис инсистираше да остане до крај, не сакаше да биде заменет иако и тој беше изнемоштен. Исто поради повреда беше заменет и Трајковски, Ристовски поради замор…Ова е лудо, пак ќе повторам играме во невобичаен термин кога не можете да барате фудбалерите да бидат спремни“, изјави Милевски.
Следниот натпревар на Македонија е во недела против Гибралтар.
Фото: ФФМ