Дома Македонски спорт Проблеми за Македонија: Без капитенот на стартот од Лигата на Нации!

Проблеми за Македонија: Без капитенот на стартот од Лигата на Нации!

Македонија на почетокот од јуни ја очекуваат натпревари од Лигата на Нации против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) од групата 4 во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации. 

На денешната прес-конференција Милевски зборуваше и за проблемите со повреди. Поради повреда, освен Тихомир Костадинов за кој е познато од претходно, ќе отсуства и капитенот Стефан Ристовски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


,,Подготовките ќе ги започнеме со проблеми. Поради повреди со нас нема да бидат Костадинов и Стефан Ристовски. Јаховиќ и Адеми добија одмор од моја страна, додека Ердал Ракип побара да биде ослободен поради лично причини. Стефан има повреда на стапалото и нема да биде тука за овој собир. Се надеваме дека нема да се работи за скршеница и подолга пауза”.

Ќе потсетиме, списокот на кој има тројца дебитанти Милевски го објави на почеток на оваа недела. (ТУКА) Исто така, селекторот додаде и дека нема да повикува нови фудбалери, па така во овој циклус од четири натпревари ќе одиме со 26 фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…