Дома Фудбал Италија Проблеми за Гатузо: Остана без еден од најважните фудбалери!

Проблеми за Гатузо: Остана без еден од најважните фудбалери!

Милан полека почна да забележува добри резултати и се искачи на четвртото место на табелата, но Гатузо има големи проблеми со повредени фудбалери.

Откако стана јасно дека дефанзивецот Калдара ќе отсуствува неколку месеци од терените, денес пристигнаа лоши вести и за Лукас Биглија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Аргентинецот е незаменлив дел од тимот на „росонерите“ и оваа сезона игра одлично, но се повреди пред мечот со Џенова.

Денес му беа направени детални прегледи кои покажаа сериозна повреда на лигаментите на глуждот. Италијанските медиуми тврдат дека Биглија ќе биде надвор од терените во следите два месеци.

Добрата вест за „росонерите“ е што повредата на Бонавентура не е сериозна и играчот ќе биде на располагање следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…