Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити се опоравува многу побавно од очекувањата, пренесуваат шпанските медиуми.
Умтити е надвор од терените веќе еден месец поради проблеми со коленото. Очекувањата беа да ги обнови тренинзите оваа недела, но последните информации се дека се уште нема напредок во лечењето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барселона одлучи Французинот да се лекува со конзервативна метода и во клубот се уште се надеваат дека нема да му биде потребна операција. Поради тоа лекарите многу внимаваат да не избрзаат со неговото враќање на терените.
Отсуството на Умтити го загрижува тренерот Валверде кој во моментов располага само со дватца дефанзивци, Пике и Ленгле, додека Вермален е исто така повреден.