Како што пренесува „Диарио Гол“, лут е затоа што не добил еднаков третман…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес споменатиот шпански медиум лансираше вест за проблеми во соблекувалната на Барселона. Според овие информации изгледа дека не очекува нова сапуница каква што е во состојба да режира само современиот фудбал.
Осман Дембеле кој минатото лето пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд наводно влегол во отворен конфликт со Лионел Меси и Луис Суарез.
Причината која се наведува е прилично бизарна, но летната трансфер сапуница која Дембеле ја приреди на својот поранешен клуб упатува на тоа дека тој е играч склон на бизарности.
Имено, Дембеле е разочаран од тоа како Меси и Суарез како две најголеми ѕвезди на тимот го дочекале Фелипе Кутињо, односно смета дека не е прифатен на ист начин ,тврдат шпанските новинари.
Неговото расположение сигурно не го поправило ниту фактот што од средината на минатиот месец е надвор од тимот поради нова повреда.