Дома Фудбал Проба, па договор: Сонг се враќа во Шпанија, откако се оддржуваше во ритам кај лондонски Арсенал

Проба, па договор: Сонг се враќа во Шпанија, откако се оддржуваше во ритам кај лондонски Арсенал

Некогашниот играч за врска на Барселона и Арсенал конечно пронајде нов клуб?!

Некогашниот репрезентативец на Камерун и дефанзивниот играч за врска на Барселона и Арсенал, Алекс Сонг е без ангажман откако пред 15тина дена го раскина договорот со Рубин Казан поради финансиски потешкотии во кои се најде овој клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот Сонг од тогаш тренираше со својот некогашен тим, Арсенал, за да остане во добра физичка форма до пронаоѓањето на нов клуб, а за тоа време голем број навивачи на „Топчиите“ изразија желба да се понуди договор на 30-годишниот Камерунец.

Но, од тоа нема да има ништо, Сонг веќе сега отпатува за Шпанија, поточно на проба во екипата на Бетис. Доколку задоволи во пробниот период, Сонг ќе потпише договор со овој клуб, и така ќе им се придружи на своите некогашни соиграчи од Барселона.

За потсетување, Сонг, заедно со Самир Насри се поврзуваше со заминување во Беневенто, но се чини дека Бетис е неговата следна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…