Дома Фудбал Останато Пријовиќ осуден на домашен притвор, ќе остане без 18 милиони евра

Пријовиќ осуден на домашен притвор, ќе остане без 18 милиони евра

Српскиот фудбалер Александар Пријовиќ е осуден на три месеци домашен притвор.

Поранешниот репрезентативец на Србија призна дека ја прекршил забраната за собирање за време на пандемијата на коронавирусот, па судот во Белград му одреди казна.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, тој би можел да остане и без 18 милион евра. Неговиот клуб Ал Итиахд има право да го туши и да му го раскине договорот, кој вреди 5,5 милиони евра по сезона.

Тоа би можело лесно да се случи со оглед на тоа дека Пријовиќ поради недисциплина беше исфрлен од тимот пред два месеци, а ова е шансата која ја чекаа богатите сопственици.

Пријовиќ во јануари 2019 година од грчкиот ПАОК се пресели во Ал-Итихад за 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави нема да биде тренер, но ќе остане во Барселона?

Чави Ернандез минатиот месец објави дека заминува од тренерската позиција на Барселона на …