Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва ќе ги одмерат силите против Њукасл во рамките на 21 коло од Премиер лигата.
На последниот тренинг пред мечот фдубалерите и стручниот штаб беа пријатно изненадени од посетата на легендарниот Алекс Фергусон, кој за прв пат по мозочниот удар присуствуваше на тренинг на „црвените ѓаволи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атмосферата во клубот од „Олд Трафорд“ е на високо ниво откако на Жозе Мурињо му беше врачен отказ, а во прилог на тоа одат и резултатите на Јунајтед под водство на новиот тренер, Оле Гунар Солскјер.
„Уживаше во времето поминато во тренинг центарот. Имаше убави разговори со персоналот, а нас не охрабри“, рече Солскјер.