Пријателите открија дека младиот играч за врска на Ливерпул, Фабињо пропуштал тренинзи поради одење во црква и се што правел, правел во „договор со Бог“.
Бразилецот, Фабињо ова лето премина од Монако во Ливерпл и оние кои го познаваат зборуваат дека искучително мирен, тивок, повлече и голем верник, а изгледа такви има најмногу во Ливерпул бидејќи познато е дека големи верници се уште Мохамед Салах и Садио Мане.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересно е дека пред да премине на „Енфилд“ Фабињо испратил порака во група на на „WhatsApp“ во која е со пријателите од детството и барал да се молат за „Божји патоказ“ за преселбата во Ливерпул.
„Фабињо секогаш сонуваше да игра во Премиер лигата и никогаш не престана да зборува за тоа. Трансферот во Ливерпул за него е остварување на сонот“, зборуваше неговиот пријател Пол Конрадо во кој Фабињо настапуваше заедно во аматерскиот клуб Паулињо ФК.
„Значи, Ливерпул е она што тој отсекогаш го сакаше. Но и дури и тоа не би го направил доколку Бог не го сакаше тоа. Ни испрати аудио порака во која бараше да се молиме Бог да му даде патоказ за да ја донесе вистинската одлука. Ни кажа дека сака да знае дали трансферот во Ливерпул е по желба на Бог. Сакаше да почуствува мир и јасно ни кажа дека ако Бог не сака нема да заигра за Ливерпул“, откри пријателот од детството на фудбалерот.
„Толку сум среќен поради него, тој го заслужи тоа. Неговото комплетно семејство одеше во црква, сите кај него се големи верници. Некогаш ќе го викнеме да си играме, но тој ќе ни кажеше дека оди на состанок со Бог. Се молеше“, открива уште еден негов пријател, Диего Кастро.
Интересно е што тие тврдат дека Фабињо не спиел никогаш со девојка се додека не стапил во брак со неговата сегашна сопруга, Ребека Таварес.
„Сигурен сум дека на првата ноќ со жена чекаше се додека не се ожени со Ребека Таварес во 2015 година. Тој е цврст во своите ставови“.
Вистинското име на Фабињо е Фабио Хенрике Таварес, растеше во сиромашно предградие на Сао Паоло има и две постари сестри Јулијана Каролин и Ана Пол.
Во кариерата освен за Ливерпул и Монако настапуваше за Сао Паоло, Фламиненсе и Рио Аве.