Изгледа дека во соблекувалната на Германија имало сериозен проблем…
Одбраната на титулата светски шампион се заврши уште на почетокот бидејќи Јужна Кореја успеа да ја совлада Германија со 2:0.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Изгубија Германците и во првиот натпревар од Мексико, а единствените три бода ги освоија против Швеѓаните. Недоволно за пораз и доволно за срам.
После елиминацијата очекувано следуваа жестоки критики од јавноста, а одредени извори пишуваат за поделба во соблекувалната која можеби е и една од главните причини за катастрофата во Русија.
Не беше поштеден ниту Тони Крос за кој се смета дека не сакал да му ја додава топката на левиот бек Марвин Платенхарт затоа што немал доверба во него.
Фудбалерот на Херта беше заменет во 79 минута во првиот натпревар и не играше до крајот на турнирот, а доказ горенаведеното тврдење е и тоа што на тој натпревар единствено Тим Вернер имаше помалку допири со топката.
Наспроти 29 додавања на Платенхарт, Џошуа Кимих на другата страна има 103!
Во соблекувалната новодно доминираат два клана „Баварци“ предводени од Крос, додена „Бинг Бинг’, ја предводи Жером Боатенг.
На страната на Крос се Ноер, Хумелс и Милер, додека на спротивната се Озил, Кедира и Дракслер. Што значи вклучен е скоро цел стартен тим на Германците.
Не помогна ниту сега веќе фамозното фотографирање на Озил и Гундоган со Ердоган, после кое останатите репрезентативци барале извинување.
Не го добиле.
Во јавноста излезе и дека Лев имал судир со Фудбалскиот сојуз. Јоаким Лев барал базата да им биде во Сочи, додека сојуозт ја избрал онаа во Ватутинка, мал град во близина на Москва бидејќи таа опција била поевтина.