Екипата на Милан вчера победи со 2:0 против Џенова и со натпревар повеќе се врати на врвот во Серија А.
Во медиумите се појавија информации дека Милан добива нови газди, а сега како најава или потврда за ваквите информации е пораката на веројатно идниот претседател на „росонерите“, Мохамед Махуф ал Арди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува збор за претседателот на инвестицискиот конзорциум од Бахреин „Инвесткорп“ кој преговарал да го купи италијанскиот гигант за сума од една милијарда евра.
„Честитки до Милан за враќањето на врвото во Италија. Среќен Велигден на сите во клубот, неговите навивачи и сите кои ја следат оваа ситуација. #ЗасекогашМилан“, напиша Ал Арди.
Congratulations to #ACMilan back on top of the italian league. Happy Easter to the club, it’s fans and everyone observing this occasion #SempreMilan
— محمد محفوظ العارضي (@MMAlardhi) April 16, 2022