Интер доживеа пораз во Каталонија од Барселона, која играше без Лионел Меси.
Аргентинецот поради повреда на раката го пропушти натпреварот од третото коло во Лигата на Шампионите против Интер, но со головите на Рафиња и Алба, Каталонците слеавеа пред својата публика (2:0).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега пред екипата од Милано има уште потешка задача, бидејќи според последните информации Меси ќе биде подготвен за реваншот на „Меаца“. Најдобриот фудбалер на Барселона и еден од најдобрите во светот се врати на тренинзите и се очекува да биде подготвен за натпреварот кој се игра следниот вторник на стадионот од Интер во рамките на четвртото коло од најелитното европско натпреварување.
Барса со триумф би можела да обезбеди пласман во следната фаза, а Тотенхем и ПСВ со евентуален пораз на Интер би можеле да искористат екипата на Спалети на два кола до крајот да се приближат на два бода.