Дома Фудбал Германија Примија 141 гол и завршија со минус шест бода, но сепак не испаднаа

Примија 141 гол и завршија со минус шест бода, но сепак не испаднаа

Опстанокот на германскиот нисколигаш СГ Неустрад би можел да се окарактеризира како најлуд во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако имаа гол-разлика од -133 и минус шест бодови сепак се „изборија“ за опстанок во шестиот ранг на германскиот фудбал. Спасителот на овој тим се вика – Ковид-19.

Фудбалскиот сојуз на покраината Шесвиг-Холстеин одлучи да ја заврши сезоната без испаѓање во понизок ранг, па така овој клуб си остана во лигата и покрај катастрофалните резулати.

Во одиграниот дел од сезоната примија 141 гол и постигнаа само осум. Да биде уште по комично се погрижи Реинер Гош, човекот кој ракводи со клубот. Тој тврди дека опстанокот е заслужен.

„Екипата заслужи да не испадне“, кратко изјави 41 годишниот Гош.

Германците претходно одлучија професионалните лиги, односно Бундеслигата и Цвајт да се завршат на терен, додека натпреварувањата во понизок ранг да бидат прекинати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал потроши повеќе од 200 милиони евра, но не го затвора паричникот – ќе има уште засилувања!

Реал Мадрид од 2019 година не потрошил толку во летниот преоден рок како годинава, но тука…