Дома Фудбал Англија Примарната мета на „Топчиите“ за наследник на Венгер, доби уште една и тоа како атрактивна понуда!

Примарната мета на „Топчиите“ за наследник на Венгер, доби уште една и тоа како атрактивна понуда!

Арсен Венгер ќе го напушти Арсенал на крајот од оваа сезона, не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, како и тоа кој ќе го наследи на клупата.

Јасно е дека тоа нема да биде Луис Енрике, кој беше прва мета на управата, но Шпанецот бараше премногу пари, како за себе, така и за трансфер буџетот, па од него управата се откажа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Арсенал се уште не знае во кој правец ќе се насочи, дали да ангажира млад и неискусен тренер кој би го подмладил тимот и со лесни чекори ви го вратил тимот во самиот врв на англискиот фудбал, или да ангажираат искусен стратег, кој веќе од следната сезона би можел да се бори за трофеи.

Така на листата потенцијални наследници на Арсен Венгер,има многу стратези, а еден од нив е и некогашниот фудбалер на овој клуб, Патрик Вијера.

Францускиот тренер моментално е ангажиран во редовите на Њујорк Сити, филијала на Манчестер Сити во МЛС лигата, фантастично работи, но извесно е дека може да го наследи Венгер.

Сепак, како што пренесуваат британските медиуми, Вијера се најде на листата желби и на управата на Евертон, која по крајот на сезоната ќе се раздели со Сем Алардајс.

Како прв кандидат за Евертон фигурира Португалецот, Марко Силва, но сега и името на некогашниот играч за врска на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе ја предводи Португалија на ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез, го објави пошир…