Реал Мадрид и Килијан Мбапе се чини дека се „приказна без крај“, па повторно се активираше пред почетокот на зимскиот преоден рок.
Французинот во јануари влегува во последната фаза од договорот со Пари Сен Жермен и има право да започне преговори со други клубови, а Реал сега не сака да ја повтори грешката што ја направи со него во летото 2022 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тогаш му веруваше во дадениот збор, а овој во „минута до 12“ ја смени одлуката и остана во Париз.
Овојпат Мадрид бара од играчот да донесе одлука за неговата иднина веќе во јануари.
„Атлетик“ тврди дека Реал, во случај Мбапе да се согласи да го носи неговиот дрес, ќе потпише преддоговор со него до крајот на јануари. Тоа ќе биде услов на сите услови.