Дома Топ вести Приказната за чудото Мирандес: Сезонава пред нив паѓаа прволигаши, а пред девет години навивачите го спасиле клубот!

Приказната за чудото Мирандес: Сезонава пред нив паѓаа прволигаши, а пред девет години навивачите го спасиле клубот!

Сезонава во куп натпреварувања најголем хит е шпански Мирандес кој ќе игра во полуфиналето. Овој тим медиумите во Шпанија веќе го нарекоа „тим за чуда“.

Мирандес доаѓа од градчето Миранда Де Ебро кое брои 30.000 жители. Мирандес пред две години играше во третата лига, а за првпат беа второлигаши пред девет години (2011/2012). Во таа сезона клубот резултатски успеа да опстане ама немал пари за лиценца.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Локалниот жител Висенте Еспања требало да биде херојот. Лиценцата била 400.000 евра. Тој ветил дека ќе ја плати потребната сума, меѓутоа на само четири часа пред да се затвори рокот транскацијата била неуспешна. Еспања на неговата сметка имал – 0 евра! Тогаш настанало вистинсо лудило во градот. Медиумите на големо започнале да објавуваат дека поради немање на пари за лиценца, Мирандес ќе испадне од лига.

Тогаш на нозе се кренал буквално цел град, секој сакал да уплати колку може. Меѓутоа тогаш се отворил нов проблем. Каде да се уплатат парите и како да се направи трансакцијата кога банките се веќе затворени? Се случува ново чудо. Банкарите ги отвараат банките надвор од работното време со цел да се реализира трансакцијата.

Полицијата дозволила, а граѓаните брзале и секој уплаќал колку може и на крајот – успеале! Буквално на три минути до полноќ кога рокот истекувал во 23:57 транскацијата била успешна и клбуот добил лиценца за да продолжи да игра во втора лига. Следувала голема прослава се до раните утрински часови.

Сезонава Мирандес направи неколку „чуда“. Прво ја елиминираа Селта (2:1), па Севиља (3:1) и на крај Виљареал (4:2). Во полуфиналето ќе играат против Реал Сосиедад и ќе се надеваат на историски пласман во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…