Дома Фудбал Репрезентации Претседателот на ФС Шпанија по скандалот кој предизвика бурни реакции: Нема да поднесам оставка

Претседателот на ФС Шпанија по скандалот кој предизвика бурни реакции: Нема да поднесам оставка

Претседателот на шпанскиот Фудбалски сојуз ќе остане на таа функција и по скандалот кој се случи по финалето на Мундијалот за жени.

Првиот човек на шпанскиот фудбалски сојуз при прославата и доделувањето на медалите ја бакна фудбалерката на националниот тим Хенефер Хермосо и тоа во фудбалскиот свет предизвика бурни реакции.

Се бараше негово заминување, но Рубиалес нема таква намера.

„Бакнежот со Хермосо беше обостран во еуфорија. Немаше желба од моја страна да воспоставам позиција на доминација. Нема да поднесам оставка“, изјави Рубиалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал подготвува понуда од 60 милиони евра за Брахим Дијаз

Лондонскиот клуб наводно размислува за зимски потег за офанзивецот на Реал Мадрид, кој не …