Дома Фудбал Репрезентации Претседателот на ФСФ: Бензема направи глупост како магаре

Претседателот на ФСФ: Бензема направи глупост како магаре

Фудбалерот на Реал Мадрид Карим Бензема е во одлична форма во дресот на Реал Мадрид, меѓутоа колку и добро да игра во дресот на „кралевите“ тој е непожелен во неговата репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дека Бензема никогаш повеќе нема да игра за Франција потврди и претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грат.

„Нема сомнение дека Бензема е одличен играч, навистина е квалитетен. Со сигурност можам да кажам дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но за него вратата во репрезентацијата е затворена“, изјави Ле Грат.

Како што е познато Бензема не е во репрезентацијата поради скандалот со Матија Валбуена пред неколку години.

„Бензема тогаш направи глупост како магаре. Поради тоа што го направи тој не е омилен во националниот тим“, јасно порача Ле Грат.

Интересно е што во анкетата која ја направија реномираните француски медиуми „Л’Екип“ и „Франс Фудбал“ дури 68% од испитанците гласаа Бензема да се врати во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп даваше изјава, па се изненади кога виде кој му „влета“ во кадар за да го поздрави (Видео)

Многу познати фудбалски личности се наоѓаат на Светското првенство како стручен коментар, …