Дома Фудбал Претседателот на Фиорентина: Кога добивавме понуди од англиските клубови Влаховиќ ги одбиваше

Претседателот на Фиорентина: Кога добивавме понуди од англиските клубови Влаховиќ ги одбиваше

Сагата со Душан Влаховиќ со трансфер на српскиот голгетер во Јувентус, а претседателот на Фиорентина Роко Комисо не е среќен поради потегот на неговиот поранешен фудбалер.

Влаховиќ ги налути навивачите со трансферот во Јувентус. Комисо преселбата на Влаховиќ во Јувентус ја спореди со најавата за слободен трансфер на Мбапе во Реал Мадрид следното лето.

„Приказната со Влаховиќ беше исполнета со непочитување и лаги. Кога англиските клубови испраќаа понуди Душан и агентите ги одбиваа. Имаа ист план како Мбапе со ПСЖ, да си замине како слободен играч и да земе колку што може повеќе пари“, изјави Комисо.

На крајот Јувентус го доведе Влаховиќ за сума од 67 милиони евра која со бонуси може да порасне за дополнителни осум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте: Се засрамив против Арсенал, а потоа го најдов шампионскиот Челси

Поразот во лондонското дерби го натерал Конте да го смени системот. Следувале 13 победи по…