Дома Фудбал Останато Претседателот на Спортинг без „влакна на јазикот“ го понижи Тотенхем

Претседателот на Спортинг без „влакна на јазикот“ го понижи Тотенхем

Во текот на летниот преоден рок кој неодамна заврши во медиумите многу се пишуваше за потенцијалниот трансфер на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

Одличниот фудбалер беше блиску до трансфер во Тотенхем, а интерес покажуваа уште Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем бил најблиску да го доведе. Овој клуб испратил и официјална понуда, но таа од клубот од Лисабон била одбиена.

Претседателот на Спортинг, Фредерико Веандас откри зошто ја одбиле таа понуда.

„Тотенхем ни нудеше 45 милиони евра, плус 20 милиони евра во бонуси. Еден од тие бонуси беше за освојување на титулата во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Ја одбив понудата зошто никогаш нема да успеат во тоа“, изјави Варандас.

Сепак се претпоставува дека Фернандеш веќе во јануари ќе го промени тимот. Спортинг за неговите услуги бара 70 милиони евра и само за таква понуда може да си замине од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…