Дома Фудбал Останато Претседателот на Ривер: Ја разбирам ситуацијата, не сакам да победиме на ваков начин

Претседателот на Ривер: Ја разбирам ситуацијата, не сакам да победиме на ваков начин

Реваншот во финалето од Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока овие денови е во центарот на вниманието.

Ќе потсетиме овој натпревар неколку пати беше одложуван поради хаосот кој го направија навивачите на Ривер пред „Монументал“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Последниот термин беше за вчера во 21:00 часот, но барањето на Бока и тој натпревар да биде одложен беше прифатено.

Сега се огласи и првиот човек на Ривер Рондолфо Донорифо кој истакна дека и тој ја поддржува одлуката натпреварот да биде одложен, бидејќи е свесен дека нема услови истиот да се одигра.

„Разочаран сум од се што се случуваше. Ја разбирам психолошката состојба на фудбалерите на Бока и не би сакал да победам на таков начин. Одлуката за одложување беше правилна“, изјави Донорифо.

Првиот натпревар на „Бонбоњера“ заврши без победник 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …