Дома Фудбал Останато Претседателот на ПСЖ проговори за иднината на Мбапе

Претседателот на ПСЖ проговори за иднината на Мбапе

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи очекува суперѕвездата Килијан Мбапе да потпише нов договор со „светците“.

Актуелниот договор на 22-годишниот Французин истекува следната година, па неговата иднина е неизвесна и се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Меѓутоа, Келаифи е убеден дека Мбапе уште долго време ќе биде играч на ПСЖ.

„Килијан е фудбалер на ПСЖ и ќе продолжи да биде фудбалер на ПСЖ. Не сум загрижен. Мбапе е Французин и парижанец. Тој има договор со клубот и сака да остане, 100% сум сигурен во тоа“, изјави претседателот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови главоболки за проблематичниот дечко на Реал – овој пат, барем е казнет!

Фудбалерот на Реал Мадрид Раул Асенсио е осуден за кривично дело против безбедноста на соо…