Дома Фудбал Претседателот на Примера: Поради Ел Класико ќе изгубиме многу пари!

Претседателот на Примера: Поради Ел Класико ќе изгубиме многу пари!

Шпанската Примера вчера официјално потврди дека големото „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид е одложено, иако требаше да се одигра на 26 октомври.

Мечот меѓу лутите ривали беше закажан за следната сабота во 13 часот, но поради безбедносни причини, Ла Лига реши да се одложи мечот, а истиот ќе се игра на 18 декември во вечерен термин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас е разочаран со развојот на ситуацијата и порача дека поради тоа ќе загубат многу пари.

„Поместувањето на Ел Класико не им наштети само на нашите фанови во Кина, туку на сите на Блискиот Исток, Индија, Јапонија, Индонезија, Австралија, Виетнам, Сингапур… Сега луѓето нема да можат да го следат Ел Класико и ќе загубиме многу пари поради тоа“, вели Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…