Дома Фудбал Италија Претседателот на Лацио суспендиран на седум месеци

Претседателот на Лацио суспендиран на седум месеци

Римски Лацио избегна одземање на бодови, но претседателот на клубот Клаудио Лотито е суспендиран на седум месеци поради кршење на ковид протоколите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанското обвинителство започна постапка против Лацио откако беа откриени малверзации со тестовите на корона во октомври минатата година.

Неколку играчи на римскиот клуб беа позитивни пред дуел од Лигата на шампионите, додека тестовите за Серија А им беа негативни и тоа предизвика сомнежи за малверзации околу тестирањето.

На крајот е започната постапка и исходот е суспензија на Клаудио Лотито на седум месеци.

Покрај него клупските доктори Фабио Родиа и Иво Плучини ќе добијат суспензија од 12 месеци, додека клубот ќе плати казна од 150.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спектакуларен гол: Павлина Николовска погоди од 40 метри за победа на Македонија! (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија вчера ја победи Андора со 1-0 во квалифика…