Дома Фудбал Останато Претседателот на клубот потврди: Меси одбил понуда вредна 1.4 милијарди евра

Претседателот на клубот потврди: Меси одбил понуда вредна 1.4 милијарди евра

Од таборот на Ал Хилал откриваат дека му понудиле неверојатни 1,4 милијарди евра на Лео Меси за преселба во Саудиска Арабија, но напаѓачот се решил за авантура во САД поради семејството.

Се верува дека Кристијано Роналдо заработува 200 милиони евра годишно во Саудиска Арабија, но овој рекорд како од шега ќе бил соборен доколку Лео Меси го прифател предлогот на Ал Хилал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од таборот на новиот шампион на Саудиска Арабија откриваат дека на Аргентинецот му понудиле неверојатни 1,4 милијарди евра, но напаѓачот поради семејството кажал „НЕ“.

„Стапивме во контакт со Меси кога му заврши договорот со ПСЖ. Му презентиравме понуда тешка 1,4 милијарди евра, но ја одби бидејќи неговото семејство сакаше да се пресели во САД“  – вели од таборот на Ал Хилал.

„Изненадување е тоа што тој кажа НЕ на ваква неверојатна понуда“.

„Но го почитуваме, семејството е поважно од парите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…