Дома Фудбал Италија Претседателот на Интер се огласи и испрати порака до Икарди

Претседателот на Интер се огласи и испрати порака до Икарди

zang ikardi

Иако неодамна имаше најави од италијанските медиумите дека наскоро ќе дојде помеѓу примрије помеѓу Интер и Икарди, тоа сепак изгледа се уште го нема.

Икарди заедно со својата сопруга и агент, Ванда Нара влезе во судир со управата на Интер поради новиот договор. Поради одолговлекувањето со потпишувањето на договорот Интер и му ја одзема капитенската лента на Икарди, а од тој момент Икарди е надвор од тимот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Фудбалерот тврди дека е повреден, но Интер после медицинскиот преглед кој беше направен од страна клубот не беа пронајдени знаци на повреда. Интер тоа го објави на својот официјален сајт.

Сега во јавноста на оваа тема зборуваше претседателот на Интер, Жанг. Жанг испрати порака до Икарди дека во Интер се почитуваат и ценат вредностите.

„Овој клуб има некои посебни вредности и тие се почитуваат, поради тоа сум навистина горд. Во еден клуб многу е важно а се има почит, заедништво и се да функционира како во едно семејство. Освен на теренот сакаме да бидеме силни и надвор од него поради тоа дисциплината и организацијата се неопходни. Од самиот момент кога дојдов во клубот нашите намери се јасни – Интер да биде еден од најуспешните клубови во светот“, изјави Жанг.

Инаку, Икарди медиумите го поврзуваат со заминување, а најблиску до неговиот потпис изгледа е Јувентус. Интересно е што пред стадионот на Јувентус веќе можат да се видат дресови од Икарди (фото), секако не во официјалниот фан шоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…