Дома Фудбал Германија Претседателот на германската репрезентација ја откри судбината на Лев

Претседателот на германската репрезентација ја откри судбината на Лев

Јоаким Лев ќе остане селектор на Германија дури и ако актуелниот светски првак не се пласира во осмина финалето на Мундијалот во Русија.

За премин понатаму Германија денеска треба да ја победи Јужна Кореја, по можност со повеќе од еден гол разлика, а многу ќе зависи и од другиот натпревар кој го играат Мексико и Шведска.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Германците се свесни дека немаат право на грешка, а дури и ако доживеат несупех, тоа нема да ја промени судбината на Јоаким Лев на клупата на оваа селекција. Тоа го потврди и претседателот на Германската селекција, Рајнхард Гриндел.

„Пред година дена се докажа, го освои Купот на Конфедерации, покажа дека е способен да направи импресивна екипа од млади играчи. Тие причини се уште стојат, дури и ако Германија биде елиминирана во првиот круг или во осмина финалето“, изјави Гриндел.

Дека Германците имаат доверба во Лев покажа и неодамнешното продолжување на соработакта до 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…