Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот на сезоната. Иако нема официјална потврда, се чини веројатно дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
За тоа пишуваат шпанските и француските медиуми, но и експертите за трансфери како Фабрицио Романо, кој веќе ја објави финансиската страна на зделката. Сето ова го коментираше претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова може да има негативни последици за тимот од Мадрид, изјави претседателот на Барселона, Лапорта во коментар за евентуалниот договор со Реал.
„Воопшто не му завидувам на Реал, а освен тоа, се уште не ни знаеме дека ќе потпише за нив. Ќе видиме… Но во тој случај тие имаат проблем. Ќе мора да продадат некој за да го донесат, нели? И нема да можат Мбапе и Винисиус да играат на иста позиција, нели? Да не зборувам за сумите што се спомнуваат. Сигурен сум дека ќе ја уништи соблекувалната на Реал “, изјави Лапорта.