Дома Фудбал Лига на шампиони Пресек на гласањето за „Златната топка“: Модриќ води, Роналдо не е ниту помеѓу првите три!

Пресек на гласањето за „Златната топка“: Модриќ води, Роналдо не е ниту помеѓу првите три!

Вчера е завшрен процесот на гласање, а француските медиуми започнаа да пишуваат дека после половина од преброените гласови во водство е Лука Модриќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Радио Франција“ ексклузивно објави дека Лука Модриќ, после сезоната во која со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и со Хрватска стигна до среброто на Мундијалот во Русија е во водство. Најголеми конкуренти на Модриќ според овој медиум се Французините Килијан Мбапе и Рафаел Варан кои во овој момент се на втората и третата позиција.

Добитникот на „Златната топка“ ќе биде избран од страна 200 спортски новинари ширум светот, победникот ќе биде прогласен на 3-ти декември во Париз. Главните критериумите се индивидуалниот и тимскиот настап и освоените трофеи во изминатата година.

Доколку Модриќ ја освои „Златната топка“ тоа ќе биде круна на неговата фантастична сезона во која претходно беше избиран за најдобар од страна на УЕФА и ФИФА, како и освоената награда за најдобар играч на Мундијалот во Русија.

Освен тоа, Модриќ би ја прекинал и десетгодишната доминација на Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…