Дома Фудбал Пресврт: Нико Вилијамс донесе одлука, Барса останува со празни раце!?

Пресврт: Нико Вилијамс донесе одлука, Барса останува со празни раце!?

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс се поврзуваше со неколку екипи ова лето, но најверојатно ќе остане во Атлетик Билбао.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите пишуваат дека Вилијамс решил да остане во екипата чии бои ги бранеше минатата сезона, па така Барселона ќе остане со празни раце.

Одлуката на Вилијамс е големо разочарување за навивачите на Барселона, кои се надеваа дека ќе добијат квалитетно засилување во офанзивниот дел од тимот.

Во случај да остане без Вилијамс, сигурно е дека Барса многу посериозно ќе ги започне преговорите за Дани Олмо. Понудата на Каталонците од 40 милиони на четири годишни рати не ја ни разгледа Лајпциг, се сметаше за потценување.

Што се однесува до останатите, се шпекулира дека Рафиња ќе биде продаден доколку Арсенал или Саудијците понудат огромни пари, иако новиот тренер смета на Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажира…