Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Абделаида откако во фантастично финале го победи Себастијан Корда со 2:1 (6:7, 7:6 и 6:4).
Во мечот видовме вкупно три брејка, што покажува колку и двајцата тенисери беа доминантни на свој сервис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѓоковиќ го освои најважниот, последниот за 6:4 во третиот сет со што стигна до нов трофеј и на вистински начин го најави настапот на Австралија Опен.
За Ѓоковиќ ова беше 92-трофеј во кариерата со што се изедначи со Рафаел Надал на врвот.
Ѓоковиќ успеа да спаси меч-топка во вториот сет кога во 12. гем Корда беше блиску до победа. Српскиот тенисер успешно се одбрани за потоа во тај-брејк да слави со 7:3.
Како што одминуваше времето Ѓоковиќ играше се подобро, додека Кодра почна греши, а тоа тенисер како Новак добро знаеше да го искористи.
TITLE NO. 92! 🏆@DjokerNole clinches a 92nd career singles title after defeating Korda 6-7 7-6 6-4 in Adelaide#AdelaideTennis pic.twitter.com/MFKJMEqYhk
— Tennis TV (@TennisTV) January 8, 2023