До синоќешниот натпревар со Арсенал сите во Милан говореа дека Џенаро Гатузо е идеален тренер за „росонерите“, но сега ситуацијата се промени.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан на крајот на сезоната ќе донесе искусен и афирмиран тренер, а на врвот на листата е еден од надобрите италијански тренери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, „росонерите“ од следната сезона на кормилото го сакаат актуелниот тренер на Наполи, Маурицио Сари.
Договорот на Сари со Наполи истекува на крајот на сезоната и се уште нема потпишано нов, па Милан е спремен да ја искористи таквата ситуација.
Клупското раководство му нуди 4 милиони евра по сезона и се надева дека ќе го убеди Сари да се пресели во Милано.
Голема желба на „росонерите“ останува и Антонио Конте, но тренерот на Челзи најверојатно ќе се пресели во ПСЖ.