Дома Македонски спорт Пресврт во македонскиот спорт: Ваучер системот повеќе не постои!

Пресврт во македонскиот спорт: Ваучер системот повеќе не постои!

Со последните измени на законот со кој се регулира даночната регулатива во Македонија се укинува системот со кој се помагаше спортот.

Имено, укинат е ваучер системот преку кој се помогаше спортот. Со овој систем компаниите имаа можност дел од годишната добивка на име на данок во државниот буџет да ја уплаќаат во спортските клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега ова повеќе не постои.

„Со членот 30-а од Законот е предвидено даночно ослободување за даночните обврзници кои донираат во спортот. Имено истите имаат право на намалување на пресметаниот данок на добивка за дадените донации на спортски субјекти. Во насока на изедначување на третманот на дадените донации во спортот со донациите во другите области, како и разгледување на можноста за обезбедување на друг начин на поддршка на развојот на спортот се утврди дека е потребно да се избрише постојното даночно ослободување на обврзниците за дадените донации во спортот“, стои во објавувањето на даночните измени со нагласок дека сите започнуваат да важат од 1. јануари 2024 година.

Засега е неизвно како државата ќе го регулира ова прашање, односно како ќе го помага спортот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…