Дома Фудбал Италија Пресврти, продолженија, возбудувања: Интер го освои Купот

Пресврти, продолженија, возбудувања: Интер го освои Купот

Тимот на Интер го освои италијанскиот Куп откако после продолженија беше подобар од Јувентус (4:2).

Интер одлично го започна мечот и брзо дојде до водство уште во 6-та минута со фантастичниот гол на Барела. До крајот на полувремето Јувентус имаше неколку добри шанси, но не успеа да постигне гол.

Во вториот дел „старата дама“ успеа да направи пресврт во само три минути со головите на Алекс Сандро и Влаховиќ и тој резултат беше активен се до 80-та минута.

Тогаш Бонучи го фаулираше Мартинез во казнетиот простор, а прецизен од белата точка беше Чалханоглу, кој погоди за 2:2 и го однесе  мечот во продолженија.

Во првото продолжение Перишиќ постигна два брзи гола, едниот од пенал и му донесе трофеј на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Един Џеко се простува од репрезентацијата на БиХ против Шведска

Един Џеко го игра својот последен натпревар за БиХ против Шведска во Лигата на нации. …