Дома Фудбал Англија Премиер лигата ќе воведе полуавтоматски офсајд

Премиер лигата ќе воведе полуавтоматски офсајд

Англиската Премиер лига од следната сезона ќе има уште една новина која е поврзана со употребата на ВАР-технологијата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Полуавтоматскиот офсајд ќе го елиминира долгото чекање за проценка на ВАР со повлекување линија преку екранот, што постојано предизвикува критики поради неговата неточност.

Технологијата нема да биде достапна на секој стадион од почетокот на сезоната. Очекувањата се дека секаде во употреба ќе биде до првата меѓународна пауза во октомври.

„Технологијата ќе обезбеди побрзо и поконзистентно поставување на виртуелната офсајд линија, заснована на оптичко следење на играчите и ќе произведе висококвалитетна графика за емитување за да обезбеди подобрено искуство на стадионот и емитување за навивачите“, соопштија од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Карвахал од клупата исмева ѕвезда на Реал Мадрид среде натпревар (Видео)

Проблемите во Реал не стивнуваат, а по новиот кикс во првенството против Бетис, со кој оди…