Дома Фудбал Англија Премиер лигата забрани ракување на играчите поради коронавирусот

Премиер лигата забрани ракување на играчите поради коронавирусот

Превенцијата од ширењето на коронавирусот посебно го вклучи алармот во Серија А, но полека и другите лиги ширум Европа преземаат превентивни мерки.

Од Фудбалската Асоцијација на Англија донесоа одлука пред почетокот на натпреварите, играчите да не се ракуваат поради спречување на евентуално ширање на коронавирусот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесе дека раководството на Премиер лигата одлучило да се забрани ракувањето, а тоа започна од вечерва од натпреварот од ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Дерби Каунти.

„Фер плеј ракувањето пред и по натпреварот повеќе нема да биде возможно од ова коло во Премеир лигата. Ова стапува на сила додека не се одлучи поинаку. Коронавирусот на таков начин најмногу се шири и сакаме да го запреме кога веќе сме во можност“, соопштија од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави добил отказ во болница: Откриени зборовите кои му ги кажал Лапорта

Две недели откако беше потврдено дека Чави ќе продолжи да ја води Барселона, легендата на …