Дома Фудбал Премиерот на Велика Британија ќе ги казни клубовите кои ќе учестуваат во Суперлигата

Премиерот на Велика Британија ќе ги казни клубовите кои ќе учестуваат во Суперлигата

Веста дека 12 европски гиганти ги игнорираа предупредувањата од УЕФА и ФИФА и формираа нова Суперлига направи вистински бум во фудбалот.

УЕФА во соопштението испрати јасно предупредување до сите кои ќе учествуваат, но тоа не ги спречи клубовите во нивната намера да се приклучат на новото натпреварување.

Какви последици ќе остави тоа на европскиот и светски фудбал допрва треба да се види, а мислењето на поголемиот дел од јавноста е дека ова е лош потег.

Навивачите на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал…веќе јавно изразија незадоволство.

Исто така англиските медиуми наведуваат дека премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и министерот за култура на оваа земја, Оливер Доуден ќе спреми казни за клубовите кои ќе учествуваат во Суперлигата. Засега не е познато за какви казни станува збор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ласло Киш доби пејсмејкер: Унгарската легенда ослабе 16 килограми

Поранешниот унгарски репрезентативец беше опериран по долгогодишни проблеми со срцевиот ри…