Дома Топ вести Премиерлигашот добива буџет од 100 милиони евра и го сака Барди во јануари!

Премиерлигашот добива буџет од 100 милиони евра и го сака Барди во јануари!

Eнис Барди со своите одлични настапи во дресот на Леванте го привлече вниманието на фудбалска Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барди стана посебно познат по своето мајсторство во изведувањето на слобдни удар, па Леванте сакаше да се обезбеди и му даде нов договор според кој сега македонскиот фудбалер има откупна клазула во износ од 50 милиони евра.

Сега според последните информации македонскиот фудбалер e на листата желби на Клаудио Раниери кој во Фулам ќе има на располагање сума од 100 милиони евра.

Барди оваа сезона има послаб учинок и постигна еден погодок на 16 натпревари, за разлика од минатата во која постигна девет погодоци и забележа седум асистенци.

Тешко е да се верува дека Леванте ќе се откаже од Барди, но доколку во Фулам одлучат да ја платат клазулата во неговиот договор тогаш тие нема ништо да се прашуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…