На денешен ден, пред седум години, се одигра дербито помеѓу Ливерпул и Челзи на „Енфилд“ кое навивачите на „црвените“ никогаш нема да го заборават.
Пред седум години „црвените“ беа на добар пат да ја прекинат црната серија, но тогаш во самиот финиш ја изгубија титулата. Натпреварот против Челзи и поразот од 1:0 навивачите ќе го паметат вечно, особено несреќниот момент на капитенот Стивен Џерард.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Џерард се лизна и му ја даде топката на Демба Ба, кој излезе сам пред противничкот гол и погоди за победа на Челзи. Тоа на крајот се покажа како клучен момент со кој Ливерпул ја изгуби титулата.
On this day in 2014, Anfield was the venue for one of the @premierleague's most infamous moments…pic.twitter.com/IGPrmZ0Cs8
— The Blizzard (@blzzrd) April 27, 2021